Таравари најави нов начин за избор на директори на ЈЗУ

Од:

Mинистерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека се назначени нови директори на клиниките за неврохирургија и за радиотерапија и онкологија.

За нов медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Таравари го назначил д-р Никола Васев, кој доаѓа на местото на Милан Ристески. За в.д. директор на Неврохирургија, на предлог на лекарски конзилиум на клиниката, е поставен Илија Панговски, на местото на Александар Чапаровски.

Таравари појасни дека се воспоставува нов начин на избор на директори на јавните здравствени установи во консултација со лекарската фела.

– И со другите клиники вака ќе се постапува, истакна Таравари по неговата средба заедно со министерката за образование и наука Рената Дескоска со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“.

Додаде дека ќе изнајдат решение, како што рече, компетентни и професионални луѓе кои се почитувани во својата фела и во својата клиника да бидат управувачи на тие клиники.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека Клиничкиот центар десет години не плаќал вода и колкав е долгот, рече дека Општи служби и Водовод и канализација ќе најдат решение. Посочи дека долговите се од сите клиники и дека ревизија ќе има без исклучок.

Би можело да ве интересира

Таравари: Господинот Биљали не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата

Таравари: Ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Таравари: Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори

Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, денес одржува собрание на партијата

Левица: Таравари ги остави без лекови пациентите со карцином и дијабетес