СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишен жител на гостиварското село Дебреште кој во текот на мај извршил 12 кражби на подрачјето на Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од 40.900 денари и 2.600 евра.
Дваесет и тригодишниот Џ.И. со употреба на алат и сила влегувал во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, канцелариите на наплатните служби од јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони, од каде одземал пари и разновидни предмети.