Средба на Спасовски со амбасадорката на БиХ Бабиќ

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

На средбата беше потенцирана добрата соработка меѓу двете земји и беше договорено да се забрза постапката за потпишување на договорот за взаемно признавање на возачките дозволи. Министерот Спасовски и амбасадорката Бабиќ разговараа и за можноста за забрзување на постапката за потпишување на договор меѓу двете земји за минување на границата со лични карти.

Амбасадорката Бабиќ на денешната средба му врачи покана на министерот Спасовски за посета на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина во втората половина на јули.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски