А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Запрена е постапката за испраќање на Николоски во Брисел

by А1он21/06/2017 - 12:4621/06/2017 - 13:46131
Share0

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кој го придружува премиерот Зоран Заев во Софија, денеска изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на ЕУ во Брисел.

Добивај вести на вибер

– Постапката ќе се запре. Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко партиски фолклор, рече Димитров одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашните несогласувања меѓу власта и опозицијата во собраниската Комисијата за надворешна политика околу назначувањето на Николовски.

Димитров, јави известувачот на МИА од Сфија, нагласи дека за случајот со Николовски нема основа за понатамошна дебата. Вели дека кога би бил на негово место, би повлекол и не би го држел ова прашање отворено.

– Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија. Ќе ја претставува политичката партија или Република Макдонија особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ, збалежа Димитров.

Според него, дека мора да запре праксата за амбасадори да се испраќаат политичари.

– Мислам дека во Македонија ќе мора да престанеме да се испраќаме амбасадор политичар или да се почнува со постапка за испраќање човек за амбасадор кој што е политичар пред одржување на изборите, бидејќи логиката на испраќање на некој кој ви е политички близок, особено во голем центар, е да работи со вас додека сте власт. Ние имаме неколкупати направано вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме, изјави Димитров

Посочи на примерот во САД каде што по автоматизам вднаш штом има нов претседател сите амбасадори кои се политички поставени ковертираат оставки. Во Австралија, пак, додаде Димитров, од 101 амбасадори само тројца се политичари, а во Бугарија некаде 20 проценти.

– Мислам дека и околу тоа треба да имаме политички договор во која мера и можеби на кои места ќе ја задржиме традицијата на испраќање амбасадори политичари, а каде малку ќе го зголемиме и потенцираме професионализмот, рече министерот за надворешни работи.

mnr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 16:4305/07/2025 - 17:16

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски04/07/2025 - 18:2704/07/2025 - 18:31

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ15/06/2025 - 15:2615/06/2025 - 15:31

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски13/06/2025 - 09:4513/06/2025 - 11:34

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски17/03/2025 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен