Онлајн продажбата во Македонија во зачеток, граѓаните се плашат од злоупотреба на податоците

Од:

Продажбата преку интернет во Македонија е во зачеток бидејќи кај граѓаните постои страв дека ќе им бидат злоупотребени податоците од кредитната картичка, посочуваат од Канцеларијата на GS1 во Македонија која денеска организираше настан за компаниите на тема „Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата“.

Според извршната директорка на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ, онлајн продажбата може да се забрза само со воведување на пејпал кој се смета за посигурен инструмент при онлајн плаќањето.

– Апелирам до надлежните органи во Македонија да се воведе инструментот пејпал кој се смета за поголема сигурност при плаќањето. Кога во Македонија ќе се овозможи плаќањето преку пејпал тогаш мислам дека ќе се забрза и плажањето и купувањето преку интернет, изјави Милутиновиќ.

Статистиката покажува дека 70 проценти од потрошувачите пребаруваат преку интернет пред да се одлучат да купат одреден производ без оглед дали ќе го купат онлајн или во продавница.

– Без оглед дали се работи за помали бизниси кои немаат цел да тргуваат надвор од границите, ако навиките на потрошувачите покажуваат дека тие сакаат да купуваат онлајн, тогаш тоа мора да биде застапено, дури и ако станува збор само за продажба на домашниот пазар, смета британскиот експерт Дејвид Смит.

Во светски рамки продажбата преку интернет станува се поактуелна и македонските компании преку примената на GS1 стандардите имаат можност да се приклучат кон овој тренд и да ја зголемат онлајн продажбата на своите производи.

Продажбата преку интернет започна со книги и музика, но сега веќе се продаваат и купуваат најразлични производи, дури и прехранбени производи. Сепак, електронската опрема е на самиот врв на производи што се купуваат преку интернет.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он