Ситуацијата е под контрола по нападот на џихадистите на Филипини

Од:

Џихадистите кои денеска зазедоа училиште во јужниот дел на Филипини и задржаа заложници, се повлекоа по престрелка со војниците, соопшти филипинската армија.

– Ситуацијата е смирена, тие се повлекоа, ги нема повеќе таму. Реонот на училиштето е повторно безбеден, изјави портпаролот на филипинската армија, бригадниот генерал Реституто Падиља.

Тој демантира дека џихадистите земале ученици како заложници, додавајќи дека се уште се истражува дали петмина цивили се уште се во рацете на џихидастите.

Генерал Падиља посочи дека нема настрадани лица при нападот.

Џихадисти поврзани со терористичката група Исламска држава (ИД) упаднаа во училиште во градот Пигчавајан во јужниот дел на Филипините. По интервенција на филипинските безбедносни сили дојде до престрелка со терористите.

Екстремистите од исламистичката група Мауте, која е поврзана со ИД, и претходно вршеа напади врз јавни објекти во областа.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски