А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Охрид: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја прашаат претходната влада зошто се одолговлекува изградбата на автопатот

by А1он20/06/2017 - 16:32219
Share0

„Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ навистина беа загрижени за начинот, времетрањето и квалитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, тогаш ќе ја прашаа претходната Влада зошто изградбата се одолговлекува и зошто финалниот рок за пуштање во употреба беше поместен од 2018 за 2019 година.

Добивај вести на вибер

Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се полни со криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство за автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ.

Факт е дека работата на автопатот Кичево – Охрид се одвива со помал интезитет бидејќи бидејќи проектот за авотпатот е промашен, трасата е згрешена, а на неколку места постои обрусувување и нестабилност на косините.

Доколку советниците од ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеа за интересите на граѓаните, ќе ја увидеа реалната фактичка состојба и ќе бараа одговорност за промашувањата во изведбата на овој проект, но и одговорност за провизиите од автопатите за кои целата јавност слушна преку проектот Вистината за Македонија. Но наместо тоа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, како и досега, продолжуваат да работат во заштита на криминалното раководство на партијата и на штета на интересите на граѓаните“ се вели во соопштението на ОО СДСМ Охрид.

avtopatohrid

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он21/02/2026 - 15:0921/02/2026 - 15:11

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он14/02/2026 - 10:57

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен