На денот на презентацијата на своето возило „Модел Икс“ во 2015 година, компанијата „Тесла“ тврдеше дека овој електричен теренец ќе добие пет ѕвезди за безбедност ос страна на американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот (НХТСА).
Две години подоцна тестирањето покажа дека фирмата на Елон Маск била во право.
Имено, НХТСА конечно го тестираше „Моделот Икс“ и го крунисана со пет ѕвезди, со што теренецот на „Тесла“ стана првиот СУВ во историјата кој доби ваква оценка.
Се работи за оценка за однесувањето при фронтален судир, при страничен судир, при превртување и за целосниот впечаток. Секоја од наведените категории имаат свои поткатегории и во нив „Моделот Икс“ ги постигна максималните оценки.
Покрај одличните оцеки за наведените безбедносни категории, „Модел Икс“ освои најниски проценти за можноста за сериозни повреди при судир од било кој друг СУВ.
Иако НХТСА не ги објави податоците за шансите за повреди, извори од „Тесла“ тврдат дека тестовите покажале оти веројатноста за сериозни повреди од ниски седум отсто.
Единствените автомобили подобри од „Модел Икс“ по прашањето за шансите за сериозни повреди е „Тесла Модел С“.
Значаен фактор во пофалбите за безбедноста на електрични возила на „Тесла“ – „Модел С“ и „Модел Икс“ е тоа што тие намаат мотор во предниот дел на автомобилот. Сепак, оваа безбедност е скапа и еден просечен „Модел Икс“ чини околу 100.000 долари.