Бан ки-мун не гледа знаци за привршување на војната во Сирија

Од:

Нема никакви перспективи дека на 21-месечниот конфликт во Сирија ќе му дојде крајот или дека владата и опозицијата некогаш ќе почнат преговори, изјави синоќа генералниот секретар на ОН Бан Ки-му на последната своја прес конференција во оваа година, пренесоа американските медиуми.

-Сирија ја почна годината со конфликт и ја завршува во војна, подвлече генералниот секретар на светската организација.

Тој беше категоричен дека политичкото надминување на конфликтот е единствемниот пат кон прекин на насилството и искористување на случајот за Советот за безбедност повторно да се повика да го надмине сериозните разлики меѓу одделните членки и на непријателските страни „да им даде конкретни политички насоки“.

Во извештај до Советот за безбедност помошник генералниот секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелтман предупреди дека учеството на Либанци, кои се борат и за двете страни во сирискиот конфликт, создава опасност за Либан, пренесоа британските медиуми.

-Ситуацијата во Либан останува под влијание на конфликтот во Сирија . . . Престрелките преку границата и шверцот на оружје продолжуваат.

Според Фелтман, веќе има мноштво докази дела Либанци се борат како на страната на режимот, така и на опозицијата. „Тоа е прекршување на политиката на одделеност од Сирија на либанската влада и значително зголемување на ризиците за оваа земја“.

Агенциите потсетуваат дека минатата недела Сирија издаде меѓународна потерница за апсење на поранешниот либански премиер Саад Харири под обвинение за тероризам, финансирање и испорака на оружје на вооружената опозиција против режимот во Дамаск.

Фелтман, исто така, изрази песимизам дека „Сирија ќе биде разурната“, доколку ништо не се направи за да се промени динамиката на сегашниот конфликт и да се премине кон фаза на политички преговори.

Палестински групи, стационирани во бегалскиот камп Јармук, крај Дамаск, воспоставиле контакти со лидери на вооружените бунтовнички групи и инсистираат тие да не го користат кампот како база за напади врз владината армија, пренесоа руските медиуми.

Вооружени палестински милиции во кампот учествуваат во борбите на страната на бунтовниците. Во кампот имало вооружени судири меѓу вооружени членови на групи, кои се на спротивни позиции во сирискиот конфликт.

Синоќа, во 20 часот по локално време истече крајниот рок што командата на сириската армија го даде за евакуација на населението на Јармук. Засега, меѓутоа, нема информации дека владините единици почнале офанзива врз кампот.

Реката палестински бегалци кон границата со Либан се засилува. Американските медиуми соопштуваат дека 100.000 од 160.000 жители на кампот Јармук веќе го напуштиле.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ