(ВИДЕО) Ковачевски: Состојбата во РЕК Битола алармантна

Од:

Пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ денеска изјави дека повторно има хаварија во рудникот Суводол и оти надвор од употреба се четири багерски единици со што состојбата во РЕК Битола е алармантна.

– На одложниот транспортер на багерот СрС 1300 така наречен банваген 5500, дојде до оштетување на приемната трака, односно нејзино целосно кинење, истиот е надвор од употреба, а со тоа надвор од употреба е и багерот Срс 1300. Со оваа хаварија надвор од употреба се четири багерски единици. Ако на ова се додаде и фактот дека вториот блок на Комбинатот е во застој и дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК Битола е алармнтна, рече Ковачевски.

Според него, ваквата состојба со РЕК Битола е последица на неодговорното работење на раководствата на комбинатот.

– Новите раководства на овие претпријатија ќе мора сериозно да се зафатат со санирање на штетите и да воспостават одговорно, чесно и професионално раководење кое ќе гарантира сигурна, непречена и ефикасна работа на истите, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски