Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.