Моделот на „Шкода“ од Б сегментот „Фабија“ е во производство од 1999 година, а честа да биде четиримилионити произведен примерок и припадна на третата генерација на караванската верзија со пакет опрема „Монте Карло“.
Вториот најпродаван модел на „Шкода“ премиерно беше претставен во 1999 година, а со помал редизајн првата генерација на „Фабија“ се произведуваше до 2007 година, во кој период од производните ленти се симнаа 1.790.000 примероци.
Втората генерација стигна до 1.710.000 купувачи, а со актуелната трета генерација на „Фабија“, која се произведува од 2014 година, „Шкода“ стигна до четири милиони произведени примероци на автомобили, кои некои елементи ги делат со моделите „Сеат Ибица“ и „Фолксваген Поло“.
Последните промени на актуелната генерација се однесуваат на воведување на нов литарски трицилиндерски турбо бензински мотор од 110 коњски сили, со кој е заменет 1,2-литарскиот ТСИ мотор.
Новиот алуминиумски мотор е за шест отсто поштедлив и за 10 килограми полесен, а истовремено располага со повеќе моќност и поголем вртлив момент во однос на стариот мотор.
Редизајнирото издание од третата генерација се очекува идната година.