Опциите за праќање на одговор на Фејсбук стануваат се повеќе анимирани, па социјалната мрежа на своите корисници сега ќе им пружи можност и за испраќање на ГИФ анимации во коментарите, кои компанијате ги тестираше во последните три месеци.
ГИФ анимациите Фејсбук ги воведе пред две години, но корисниците мораа да ги пребаруваат УРЛ адресите на кои тие се поставени на други сајтови, а сега тој процес е многу поедноставен бидејќи новата опција им овозможува на корисниците да пребаруваат и да поставуваат ГИФ-ови од други сервиси директно во полето за коментари.
Во текот на минатата година на Месинџер биле пратени 13 милијарди ГИФ анимации, а само за минатата Нова година пратени биле околу 400 милиони, наведува Фејсбук.