Познати се можните противници на македонските клубови кои ќе настапуваат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа. УЕФА Работнички го смести во групата повластени тимови, додека Шкендија и Пелистер се во групите неносители.
Работнички ќе го очекува ривалот од следниве екипи: Зета (Црна Гора), Тре Пене (Сан МАрино), Санта Колома (Андора), Флориана (Малта) и Сетн Џосефс (Гибралтар).
Шкендија за можни ривали ги доби: Тренчин (Словачка), Макаби Тел Авив (Израел), Интер Баку (Азербејџан), Дачија Кишињев (Молдавија) и Ширак (Ерменија).
Пелистер ќе игра со некои од следниве екипи: Лех Познањ (Полска), Каират Алмати (Казахстан), Алтах (Австрија), Левски (Бугарија), Зира (Азербејџан).
Извелкувањето ќе почне во 13 часот во седиштето на УЕФА, швајцарскиот град Нион.