Најмалку 24 цивили се убиени денеска во воздушен напад врз пазар во Јемен, близу до границата со Саудиска Арабија.
Нападот го извршила коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Повеќето од жртвите се лица кои работеле на пазарот „Машнак“, што се наоѓа во северната провинција Сада.