Меркел и папата: Ѕидовите треба да се уриваат, а не да се градат

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и папата Франциско се согласија дека „ѕидовите треба да се уриваат, а не да се градат“, а поглаварот на Римокатоличката црква ги поддржа напорите на Меркел да ја заштити Париската спогодба за климата и покрај повлекувањето на САД.

Денешниот состанок на Меркел и папата траеше околу 40 минути, а една од темите беше самитот на Г-20, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули во Хамбург.

Ватикан соопшти дека теми на разговорот беа и борбата на меѓународната заедница против сиромаштијата, гладта, тероризмот и климатските промени.

Меркел нагласи дека на папата му го опишала дневниот ред на самитот на Г-20, за кој таа вели дека „претпоставувам дека сме во свет во кој сакаме да работиме заедно, во свет во кој не сакаме да градиме, туку да ги уриваме ѕидовите“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Ана Ололовска

Папата Франциск: Украина треба да се откаже од офанзиватa

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он