Меѓународна тркалезна маса за лексикографските трудови во Македонија

Од:

„Лексикографските трудови во Македонија“ е темата на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во Конгресниот центар во Охрид, во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ‒ Скопје.

Најавено е учество на меѓународни и домашни експерти од областа на лексикологијата и лексикографијата.

Тркалезната маса е под покровителство на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски. Модератор ќе биде проф. д-р Снежана Велковска, долгогодишен раководител на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ во шест тома и на Интенцијално-синтаксичкиот речник на македонските глаголи, исто така, во шест тома. Двата проекта се добитници на највисоките државни награди за наука.

– Имајќи предвид дека Семинарот за македонски јазик годинава одбележува петдецениски јубилеј, сакаме да дадеме наш придонес кон одбележувањето. На тркалезната маса ќе учествуваат дваесетина научни работници и универзитетски професори што ќе присуствуваат и на дводневната работа на Научната конференција и на свеченото отворање на јубилејниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, вели проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, кој е придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице