Шеќеринска: Груевски ги задолжи нашите деца, нема да дозволиме долг да плаќаат и нашите внуци

Од:

„Вакво неодговорно и расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата нема да дозволи-Македонија да се задолжува а сиромаштијата да расте. Шест години СДСМ тоа го гледаше, но сметате дека опозицијата ќе го гледа тоа по седми пат како се прави?
„Ако се согласивме да ги задолжите децата, не се согласуваме да ги задолжите и нашите внуци, па вие сега како сакате сфатете го тоа“

Вака кажа Радмила Шеќеринска од СДСМ на Комисијата за финсирање и буџет, според која ВМРО-ДПМНЕ манипулира и лаже со јавноста дека демек се грижи за граѓаните, а всушност болката за буџетот е во 200 милиони евра заем кои сака да го троши на локалните избори.

„Во 2007 година Никола Груевски лажеше дека ќе престане со издатоците за мебел. Сега вика-не. Ќе трошам. Какво е рушење на буџетот ако бараме да се намалат патните трошоци, кого ќе срушиме? Тие административците кои не се прибрале во државаа? Дали е рушење на буџетот ако велиме дека за договорните услуги треба да се намалат трошоците за 20 насто? Да се намалат 20 проценти од трошоците за реклами и хонорари. Дали е рушење на буџетот ако во услови кога има луѓе кои примаат плата а не одат на работа, вие сакате да примате нови? Дали е рушење ако кажеме-стоп за Скопје 2014 ? Ако велиме дека не треба нов мебел?“, рече Шеќеринска.

Според неа, власта треба да престане да ја задолжува Македонија зашто некој треба тоа да го враќа, и СДСМ нема да дозволи нов заем кој ќе го троши власта за свои потреби. Власта според неа и премирот треба да престанат да лажат дека Македонија не е задолжена и дека е успешна економска приказна.

„Ако во 2002 година долгот беше 1 милијарда и 700 милиони долари, во септември 2006 година владата на СДСМ остави 1 милијарда и 200 милиони долари долг, или 26 проценти намален долг. По изминативе седум години, денеска Македонија е должна 2 милијарди и 420 милиони долари, значи дупло зголемување долгот, и тоа не ви зборувам за вкупниот долг.
Дали сметате дека е ова добро, дали ќе имаме како да ги враќаме овие пари? Лесно е да земаш кредит, тешко е да ги вратиш ратите. Главната причина е од ваша страна дека ние сме малку задолжени, зарем 2, 5 милијарди се малку? Но што направивем ние со тие пари?

Седум километри автопат се изградени само, 0 километри железница, и ниту еден енергетски ефект“, рече Шеќеринска.

„Еве ја нашата тажна приказна за странските инвестиции, прва е Црна Гора, па Србија, Албанија, а Македонија може да се пофали дека е пред Босна и Херцеговина. Е, нема веќе така.
Еве Светска банка што пишува-Македонија го има највисокото ниво на невработеност кај младите, и сега велите истата буџетска политика да не ја менуваме. Не е само тоа, невработеноста кај младите пораснала цели 9 проценти поени. Според Светската банка, од сите држави во Европа и Централна Азија трите држави, Косово, Албанија и Македонија се со најголема стпака на сиромаштија. И вие велите истиот буџет да го усвоиме“, рече Шеќеринска.

Ако го читавте материјалот од Светска банка, 20 проценти од Македонците престанеале да купуваат лекови и не одат на лекар, 40 проценти не плаќаат сметки, а вие што правите, уште и ги казнувате? Зошто вие упорно не убедувате во друго, зашто на Груевски му е така подобро?

Не ја навредувајте интелегенцијата на граѓаните, претседателот Иванов облече крут партиски дрес- тој рече дека стоиме подобро од многу земји во регионот па и од некои во Евопската Унија. Но не е така“, рече Шеќеринска.

Треба да му веруваме на министерот Ставревски дека нема да ни се случи грчкото сценарио?

„Тој во 2009 година мислеше дека нема да има криза, после дека ќе ја избегнеме а потоа дека САД ќе ги зафати само кризата.Рече дека 2010, 2011 и 2012 година дека нема долгови, кога ќе прашавме колку должите на фирмите велеше се е платени тековно.

Не ја говореше вистината и имаше погрешни проценки, зарем да чекаме уште три години за да ни каже дека Грција ни се спрема? Не, благодарам!“, рече Шеќеринска.

Таа кажа дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со протестите кои ги организира партијата за наводното незадоволство на граѓаните и прочита една од пораките како се собираат граѓаните.

„Утре во 11. 15 часот пред штаб, а во 11.30 часот пред Собрание. Партиски обележја да не се носат, треба да личи на чист граѓански собир“, гласеше пораката.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на Шеќеринска рече дека ДПМНЕ е партија што е многу похрабра и пожилава од СДСМ. Според него, за ВМРО гласаат луѓе од проградските населби, а во урбаните места гласаат за СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уцената што ја правите да ви помине, ако мислите дека нема да најдеме начин како државата да функционира. Сте се излажале, вие заборавивте како изгледа ВМРО-ДПМНЕ, се повеќе не терате да се однесуваме како што граѓаните бараат од нас-нормално да функционира финансискиот систем“, рече Димовски.

„Вие сакате да го блокирате буџетот за да создадете хаос, ама тоа нема да ви го дозволиме. Политичката одговорност ќе ја сносат извршителите во Собранието. Задолжувањето отишло до плафон, тоа не е вистина, и си поигрувате со фактите.
Велите дека апсолутна бројка на задолженост пораснала, но не спомнувате дека така не се мери задолженоста во Република Македонија, дека во РМ бруто домашниот производ е дуплиран и дека девизните резерви се скоро дуплирани. Не кажувате дека владата во овие 7 години вратила 700 милиони евра долг кон странство, со тие пари ќе сме направеле 300 километри пат во Македонија. Половина од нив се направени во мандат на СДСМ“, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите