Средба на министерот Спасовски со делегација на Факултетот за безбедност

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со делегација на Факултетот за безбедност, предводена од деканот Никола Дујовски, при што биле договорени формите на соработка во наредниот период меѓу Министерството и образовната институција.

– Министерот Спасовски рече дека од Факултетот за безбедност очекува квалитетни предлози што ќе помогнат во реформите, кои му се неопходни на Министерството за внатрешни работи, затоа што оваа институција мора да се департизира и декриминализира и да стане вистински сервис на граѓаните. За таа цел ќе бидат формирани работни групи со претставници од двете институции, кои со своите предлози ќе придонесат во процесот на реформирањето на МВР, се наведува во соопштението на МВР.

Министерот Спасовски, се посочува, најавил и дека во иднина ќе се посвети внимание на вработување школувани кадри од Факултетот за безбедност, какви што му се неопходни на Министерството.

Деканот Дујовски, пак, рекол дека е многу значајно отварањето на Министерството за внатрешни работи и подготвеноста за соработка со кадрите од Факултетот за безбедност. Тој, како што се наведува, потенцирал дека стручните кадри од Факултетот за безбедност со задоволство ќе помогнат со својата стручност во областите за кои од нив ќе биде побарана соработка од страна на МВР.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани?

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он

Левица: Тошковски продолжува со алармантни тендери-милиони ќе се слеат во блокирани и фантом фирми

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп – Градско