Средба на Димитров со Суомалаинен, шефот на Мисијата на ОБСЕ

Од:

Министер за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Нина Суомалаинен при што двајцата размениле мислења за актуелните прашања по изборот на новата Владата на Република Македонија, како и за вкупната соработка на Македонија со ОБСЕ.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка која Организацијата ја дава на планот на реформите во државата, а посебно за оние кои претставуваат директна поддршка на реализацијата на нашите европски и евроатлански аспирации. Го пренесе мислењето дека за Македонија, но и за целиот регион, од исклучително значење е процесот на интегрирање во ЕУ.

– Министерот информираше за приоритетите на Владата и најактуелните преземања на политички план. Министерот Димитров се осврна на прашањето на регионалната соработка помеѓу државите од Балканот и истакна дека таа треба да се одвива согласно најдобрите практики и стандарди прифатени во ОБСЕ, стои во соопштението.

Амбасадорот Суомалаинен, пак, се наведува, истакна дека постои добра и континуирана соработка помеѓу ОБСЕ и Македонија и дека заеднички е многу вложено во реформските процеси кои опфаќаат широк спектар области. Таа ја повтори подготвеноста на Организацијата преку својата Мисијата во Скопје, да продолжи да дава поддршка за областите кои се приоритет за Република Македонија, се посочува во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска