СДСМ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.
„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ чиј што приоритет беа личните криминални интереси на Никола Груевски, приоритет на новата Влада предводена од СДСМ се интересите и потребите на граѓаните, меѓу кои и на земјоделците.
Владата предводена од СДСМ веднаш пристапи кон решавање на проблемите што ВМРО-ДПМНЕ ги остави во земјоделството.
Наместо да држи партиски прес конференции, директорот на А.Д. Водостопанство, Ромео Тренов, треба да објасни зошто во софтверот на платежна агенција се уште ги нема внесено податоците за земјоделците кои не се должници за надомест за вода, со што директно им го спречува правото да си ги земат субвенциите.
СДСМ, преку новата Влада што јa предводи, ќе работи на зголемување на животниот стандард на земјоделците. Нема да има богатење на лажни земјоделци, нема да има задоцнети субвенции и оштети, ниту пак ќе има закани и уцени кон вистинските земјоделци како што го правеше ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на СДСМ.