Штипската библиотека доби 27 книги отпечатени на Браевото писмо

Од:

Во штипската Национална установа Универзитетска библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ денеска пристигнаа 27 наслови од современи македонски автори напишани со Браево писмо. Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“-Штип, Милена Ристова –Михајловска вели дека „Сердарот“, „Буре Барут“, „Пустина“, „Парите се отепувачка“ се само дел од насловите кои од денеска и слепите лица ќе можат да ги читаат.

– Ова е прва ваква набавка со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, со тоа што денеска успеавме да добиеме 27 наслови на книги од областа на современата македонска литература, како поезија, така и проза. Веќе во понеделник очекуваме да ги добиеме и звучните книги, кои што конкретно ќе бидат наменети за младата читателска публика, односно за децата. Станува збор за книги кои се од областа на светската литература, односно бајките од Ханс Кристијан Андерсен, рече Ристова-Михајловска.

Претседателот на Здружението на слепи лица-Штип, Ѓоре Ѓорѓиев вели дека обезбедувањето на книгите со Браево писмо е од големо значење за слепите лица, кои подолго време барале да имаат ваква литература.

– Можам да кажам дека сите членови на Здружението на слепи лица, кои го знаат Браевото писмо се заинтересирани и сакаат да продолжат и да имаат и во другите градови, бидејќи има големо побарување за ваквите книги, рече Ѓорѓиев.

Проектот за печатење на 27 наслови на современи македонски автори на Браевото писмо е на велешкото Здружение на слепи лица. Претседателот на Здружението на слепи лица-Велес, Тони Бајраков вели дека пред четири години благодарение на градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев тие го добиле единствениот печатач со Браевото писмо, со што се овозможило да ги печатат книгите на Браевото писмо.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети