СЈО: Поднесено барање за заштита на законитоста за предметот „Талир“

Од:

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека постапувајќи по предметот „Талир“ до Врховниот суд на Република Македонија е поднесено барање за заштита на законитоста.

– Со барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кое е одбиено барањето на ова Јавно обвинителство за обезбедување дел од имотот на една политичка партија, било незаконито, се вели во соопштението.

СЈО потесетува дека на 22 мај годинава поднесе барање за привремено одземање имот заради обезбедување, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање хипотека на тој имот поради основано сомневање дека потекнува од кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, кое беше одбиено.

Причините за поднесување на барањето за заштита на законитоста, појаснува СЈО, се во фактот што во конкретниот случај се исполнети сите законски претпоставки за обезбедување на имотот кој што потекнува од кривичното дело, а воедно на првостепениот суд му беше приложен и обемен доказен материјал проследен со финансиски анализи, кои го поткрепуваат барањето за обезбедување на имотот.

– Со барањето за заштита на законитоста укажано е на неопходноста од толкување на Законот за финансирање на политичките партии во согласност со меѓународните стандарди врз основа на кои овој закон е донесен и на околноста дека рестриктивното толкување на првостепениот суд на споменатиот закон е во спротивност и со заложбите за спречување на корупцијата како неопходен услов за градење демократско општество и почитување на принципот на владеењето на правото, наведува СЈО во соопштението.

Во случајот „Талир“ којшто се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица.

Би можело да ве интересира

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов