Инстаграм сепак нема да ги продава вашите фотографии

Од:

Од инстаграм се правдаат дека лошиот пренос на нивните зборови е виновен за недоразбирањето околу правата за продажба на фотографиите на корисниците, без никаков надомест. Сепак корисниците се уште се загрижени, пишува Точка.

Имаше бурна реакција на корисниците околу новите правила на Инстаграм, според кои оваа фирма си зема за право без прашање да ги продава фотографиите на своите корисници.

Од Инстаграм објавиле дека новите правила се погрешно сфатени и дека ке се обидат да ги подобрат.

Во изјавата која ја потпишува и еден од основачите, Кевин Систром, е наведено дека немаат намера да ги продаваат фотографиите на своите корисници.

Исто така, додаваат дека ќе го отстранат делот каде фотографиите ги нуделе за рекламни цели.

Иако се чини дека Инстаграм попушти пред притисокот на јавноста, Систром само навел дека ќе го променат начинот на кој новите правила се подредени.

Додека не бидат објавени новите правила, голем број од корисниците велат дека ќе се воздржат од објавување на нови фотографии на Инстаграм.

Еден од попознатите корисници е “National Geographic”, чии фотографии се екстремно квалитетни.

“Многу сме загрижени од тоа како се движат работите со новите правила на користење и доколку продолжат така ке го затвориме нашиот профил” изјавуваат од “National Geographic”

Можеби реакциите од големите играчи сепак ќе го натераат Инстаграм да го промени не само начинот на кој се составени правилата, туку и нивната содржина.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска