Се преземаат активности за гаснење на депонијата во Струга

Од:

Во Струга од синоќа се преземаат активности за гаснење на пожарот во депонијата. Со ангажираната механизација до денеска утрово, како што велат од локалната самоуправа, е завршена првата фаза, која опфаќаше тампонирање на патот до депонијата за да може да стигне механизацијата. Втората фаза, гаснење на депонијата, треба да се одвива во текот на денешниот ден.

Активностите се во координацијата на централната и локалната власт.

Струшката депонија речиси два месеца постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се шират низ градот граѓаните на Струга деновиве организираа протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку најави дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата, во чиј состав освен од Министерството за животна средина, членуваат и претставници на министерствата за здравство, за транспорт, од Дирекцијата за заштита и зпасување и од Дирекцијата за кризи.

Дураку најави дека проблемот со депонијата во Струга ќе го решат со користење средства од ИПА фондовите.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски