Владата на Велика Британија ќе ги зголеми средствата за олимписки и параолимписки спортови за дури 11 отсто.
Британците сакаат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година да освојат поголем број на медали отколку што освоија на овогодинешната Олимпијада во Лондон 2012.
Британската влада во таквата цел има намера да вложи рекордни 426,5 милиони евра, за да можат нивните спортисти да освојуваат повеќе од 66 олимписки и 121 параолимписки медал, колку што освоија во Лондон, пренесуваат светските агенции.
Британските пливачи добија нешто помалку средства, веслачите и велосипедистите, кои остварија најголеми успеси во Лондон, за подготовки ќе добијат повеќе од 70 милиони евра.