Компанијата ЛГ веројатно ќе го замени ХТЦ и ќе произведе најмалку еден од следните смартфони на „Гугл“, „Пиксел“, кој е познат под кодното име „Таимен”.
Вработен во ЛГ пријавил проблем по пат на Абдроид Ишју Тракер, а потоа од него вработен на „Гугл“ барал пријавата за багот да ја префрли во секторот „ЛГ/Таимен“. Ова укажува дека ЛГ е вклучен во производството на новиот уред.
Уредникот на „Андроид Полис“, Дејвид Ридок преку Твитер потврдил дека ЛГ ќе произведе нов смартфон на „Гугл“.
Се поставува прашањето зошто „Гугл“ го заменува ХТЦ со ЛГ.
Порано оваа година „Гугл“ покажа желба да инвестира во ОЛЕД екраните на ЛГ кои се виткаат, за својот нов смартфон, а можно е компанијата да не е задоволна со производството на ХТЦ, бидејќи купувачите на „Пиксел“ и „Пиксел Икс-Ел“ мораа долго да чекаат на испораки.
„Пиксел“ со меморија од 128 гигабајти не беше достапен два месеца. Во тоа време „Гугл“ соопшти дека побарувачката ги надминала очекувањата.
Се верува дека „Гугл“ подготвува три нови уреди, наследници на „Пиксел“ и „Пиксел Икс-Ел“, но и уште еден уред кој е поголем од нив.
Меѓутоа, „Андроид Полис“ пишува дека еден од тие три уреди ќе биде отфрлен и дека „Таимен“ ќе го замени актуелниот „Пиксел Икс-Ел“. Оваа година наводно на пазарот ќе се појават два уреди. Вториот се развива под кодното име „Волеј“.