МНР: Документите за службени патувања повторно информации од јавен карактер

Од:

Документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи со решение на министерот во овој ресор повторно стануваат информации од јавен карактер, соопшти Министерството за надворешни работи.

Како што информираат, министерот Никола Димитров со решение на 12 месецов го укинал претходното решение на заменик министерот за надворешни работи од 14 февруари годинава за класификација на сите документи кои се однесуваат на службени патувања на министерот и сите вработени во Министерството, како и сите службени патувања на лица кои се во делегација или во нејзина придружба, соопшти Министерството за надворешни работи.

Решението, се посочува, е производ на посветената заложба на Министерството за целосна транспарентност пред граѓаните и пошироката јавност на Република Македонија и отчетност за работата на овој ресор и начинот на трошење на парите на даночните обврзници, без притоа да ја загрози сензитивноста или безбедноста на својата работа.

– Министерството за надворешни работи останува отворено за натамошна соработка со сите заинтересирани чинители во општеството, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски