Лондон и ЕУ во понеделник ги почнуваат преговорите за Брегзит

Од:

Преговорите на Велика Британија со Европската Унија за напуштањето на земјата на заедницата ќе почнат во понеделник, на 19 јуни, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на британското Министерство за Брегзит.

„Дејвид Дејвис, министерот одговарен за излезот од ЕУ, и главниот преговарач од страна на Европската комисија, Мишел Барние, денеска се договорија преговорите да почнат на 19 јуни“, во заедничко коминике соопштија британското министерство и ЕК.

Овој датум беше договорен пред предвремените парламентарни избори во Велика Британија, што се одржаа на 8 јуни.

Ударот, што го претрпе британскиот премиер Тереза Меј, чија Конзерватива партија го загуби своето апсолутно мнозинство во Парламентот и која сега преговара за состав на нова малциснак влада, меѓутоа, појави стравувања дека редоследот може да биде и променет.

Се очекува Велика Британија да ја напушти ЕУ на крајот на март 2019 година – две години откако Тереза Меј и официјално ја почна процедурата за излез на земјата од ЕУ, на 29 март годинава.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина