Повеке од половина од децата во Венецуела се неухранети

Од:

Повеќе од половината од децата во Венецуела, земја извозник на нафта и со најголеми нафтени резерви во светот, се водат како неухранети и се соочуваат со неможноста на родителите и државата да им обезбедат храна.

Претставник на венецуелското Министерство за здравство, во изјава дадено за западните медиуми, рекол дека поради недостигот од храна, децата јадат малку и недоволно за да ги задоволат своите нормални потреби.

Повеќе од 54 отсто се сметаат како неухранети, според здравствените и нутриционистичките стандарди, најмногу затоа што нивните родители немаат пари да им набават доволно храна, како и затоа што Венецуела поради економската криза, која трае подолго време, нема средства за да увезува стоки за широка потрошувачка, храна, основни потреби за семејствата и лекови.

Во ситуацијата , која често се опишува како очајна, жените од оваа јужноамериканска земја, во групи ги следат и прогонуваат камионите со храна, за да дојдат до местото каде таа се дели и први да се обезбедат со ограничените количества што ги обезбедува владата.

Инфлацијата во домашната економија изнесува 700 отсто и таа е најголема во светот.

Ситуацијата се усложнува и поради долготрајната политичка криза, длабоката поделеност во земјата и судирот меѓу власта и опозицијата, што ја има блокирано земјата која поради тоа се наоѓа во целосна изолација.

Владата на претседателот Николас Мадуро за економската и политичката криза ја обвинува домашната опозиција и „меѓународната буржоазија“ која, наводно, сака насила да ја собори власта.

Тие се обвинуваат дека со „создавање криза во снабдувањето“ се користи економијата за да се изведе „буржоаски пуч“ против неговата социјалистичка револуција.

Мадуро ја има контролата врз владата, судството, полицијата и војската, но Парламентот, по последните избори е под контрола на опозицијата.

Овој левичарски претседател сега настојува со помош на Уставниот суд да издејствува легалност за неговиот план за „паралелен“ Парламент за да ја „скрши домашната опозиција“ и да спречи „контрареволуција“.

Опозицијата чии лидери се уапсени и осудени на долготрајни затворски казни, го обвинува Мадуро дека тој и неговата влада се неспособни да ја управуваат земјата, инстирајќи на тоа дека проблемите се резултат на неговото настојување да се уреди економија во Венецуела по углед на онаа на Куба.

Опозициските политичари се согласуваат дека падот на цената на нафтата, ги намали приходите од „црното злато“, но тврдат дека Венецуела е во својата најтешка криза досега, поради популистичката политика на Мадуро, а пред тоа и на неговиот претходник Хуго Чавез, во настојувањето да ги имаат постојано за себе, гласовите на сиромашните слоеви од општеството.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски