Телевизорот „Це Сид 262“ со 4К резолуција, претставува најголемиот телевизор на светот во моментов, пишува порталот „Кликс“.
Ова чудовиште од телевизор има 262 инчи, односно ЛЕД екран со должина од над шест метри. Има десет интегрирани сараунд звучници, резолуција на сликата од 4096 х 1716 пиксели, и тежи 800 килограми.
„Си Сид 262“ чини 539.000 долари, а за инсталација на програмата за управување ќе треба да потрошите уште 38.500 долари. Тоа значи дека овој уред за домаќинство вреди колку еден просечен стан во Њујорк.
Телевизорот ќе биде пуштен во продажба ова лето.