Една година по лансирањето на регуларниот модел „Ауди Р8 В10 Спајдер“, на пазарот пристигнува и екстремната „Плус“ верзија.
Како и купе варијантата, моделот „Р8 В10 Плус“, и верзијата со расклоплив покрив го користи атмосферскиот мотор 5.2 В10 со 610 кс (449 кW) и 560 Нм максимален вртежен момент.
Тоа е за 70 кс повеќе од „обичниот“ „Ауди Р8 В10 Спајдер“.
Кога станува збор за перформансите, „Плус“ варијантата од 0 до 100 километри на час забрзува за 3,3 секунди, што е за 0,3 делови од секундата пократко време во споредба со регуалниот „Спајдер“.
И максималната брзина на автомобилот е поголема и тоа за 10 километри на часд и сега изнесува 328 километри на час.
Перформансите секако се унапредени пред се благодарение на силниот мотор, но и на намалената маса.
Инженерите на „Ауди“ успеале да постигнат заштеда од 25 килограми во однос на обичниот „Р8 В10 Спајдер“, па сега новиот модел е тежок 1.587 килограми.
Цената на овој автомобил во Германија почнува од 207.500 евра, а првите испораки се очекуваат кон крајот на јуни.