Русија не ги смета САД за свој непријател, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека Москва е мошне заинтересирана за нормализација на односите со Вашингтон.
– Растечката русофобија во САД е предизвикана од зајакнатите ултраполитички турбуленции во таа земја, рече Путин во Директната линија со претседателот, јави ТАСС.
Путин наведе дека се надева на конструктивна улога на САД во решавање на кризата во источна Украина.
Русија и САД, како што кажа би можеле да соработуваат во сферата на неширење на нуклеарно оружје и борбата против сиромаштијата.
Тој во текот на Директната линија ги откри деталите од приватниот живот, наведувајќи дека неодамна втор пат станал дедо.
– Мојот втор внук неодамна се роди, рече Путин.
Тој рече дека не сака внуците да му „растат како принцови“.
– Сакам да имаат обичен живот. Доколу ги кажам нивните имиња веднаш ќе бидат идектификувани. Ве молам да ме разберете, рече Путин. Тој наведе дека неговите деца живеат во Русија.