Струшката депонија се уште гори

Од:

Струшката депонија речиси два месеца постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се шират низ градот граѓаните на Струга деновиве организираат протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку вчера, за време на посетата на општина Струга, истакна дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата, во чиј состав освен од Министерството за животна средина, членуваат и претставници на министерствата за здравство, за транспорт, од Дирекцијата за заштита и зпасување и од Дирекцијата за кризи.

Дураку најави дека проблемот со депонијата во Струга ќе го решат со користење средста од ИПА фондовите.

Зоран Шапуриќ, кој е член на работната група како првични краткорочни решенија ги посочи конкретни активности за гасење на пожарот на депонијата, со ангажман на расположивата градежна механизација за конзервирање на депонијата.

Градоначалникот на Струга Забзун Мустафа изрази надеж дека со заеднички напори со Владата ќе најдат решение за ова прашање бидејќи, како што додаде, општината сама нема сила да се справи со проблемот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски