Средба Заев – Орјан: Промените отвораат можност за израелски инвестиции во Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрото се сретна со амбасадорот на државата Израел во Република Македонија Дан Орјан.

Израелскиот амбасадор Орјан на премиерот Заев му врачи честитка од име на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за неговиот избор за претседател на Владата на Република Македонија.

На средбата е изразена поддршка на промените во Македонија, во кои што се гледа можност за стабилност во државата и економски перспективи.

Амбасадорот на Израел Орјан најави интерес на израелски компании за инвестирање во Македонија, кои чекале на политичка стабилизација на Република Македонија. Земјоделството, енергетиката се некои од областите за кои има потенцијални инвеститори.

„Ќе ја продолжиме и ќе ја засилиме добрата соработка со Израел, на сите полиња, што може да придонесе до квалитетен живот на граѓаните на Македонија. Новата Влада е силно ориентирана кон економски развој на државата, а инвестициите се важни за отворањето нови работни места. За таа цел, Владата посветено работи на обезбедувањето услови за работа на компаниите со што се отвораат можности и за достоинствена егзистенција за работниците и граѓаните на Македонија“, рече премиерот Заев.

На средбата е поздравена добрата соработка помеѓу двете држави. Амбасадорот на Израел се заблагодари за грижата на државата за еврејската заедница во Република Македонија. Договорено е продлабочување на односите помеѓу двете земји и преку средби и посети на високо владино и државно ниво.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?