СДСМ Охрид: Бакрачески го исече неколкудеценискиот дрворед на „Туристичка“

Од:

„Мандатот на локалната власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, завршува на идентичен начин како што и започна – на штета на граѓаните.

Без никаква јавна дебата, без ниту едно стручно мислење, без да се слушне ставот на граѓаните, локалната самоуправа во заминување на чело со Бакрачески го исече неколкудеценискиот дрворед на булеварот „Туристичка“.

Само за потсетување, кога во минатото се вршеше реконструкција на дрворедот на ул.„Димитар Влахов“, граѓаните беа активно вклучени во процесот преку јавна анкета на која охриѓани можеа да го кажат своето мислење за сечата на дрворедот.

Ваквото недемократско и своеволно однсеување на Бакрачески е уште една потврда дека Охрид и граѓаните на Охрид имаат итна потреба од промени. Веќе наесен, Охрид ќе добие нова локална власт која што исто како и новата Влада предводена од СДСМ, ќе работи транспарентно, отворено и исклучиво во интерес на Општина Охрид и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид