Египетскиот Парламент го одобри договорот со што Саудиска Арабија го добива суверенитетот врз два острова, наведе денеска претседателот на египетското Собрание, Али Абделал.
Станува збор за ненаселените острови Туран и Санафир, што се наоѓаат во Црното Море.
Сега договорот треба да биде ратификуван од страна на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Владата на Ал Сиси минатата година најави договор за морска демаркација со Саудиска Арабија. Поради тоа Ријад му даде милијарда долари помош на Каиро.