Штипската населба „Балканска“ ќе се поврзе со градскиот водовод

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ деновиве ќе започне со вклучување на населбата „Балканска“ во главниот водоводен систем на градот Штип.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференција рече дека оваа инвестиција ќе се реализира заедно со општина Штип.

– Цевките за поставување на водоводниот систем на потегот од Филтер станицата до населбата „Балканска“ се набавени и наскоро стартуваме со активностите на терен. Инвестицијата чини околу осум милиони денари, вели Бојаџиев.

Раководителката на штипската Филтер станица, Тања Глигорова нагласи дека таа е подготвена за успешно реализирање на проектот.

– Вода има доволно. Со градежните активностите граѓаните на градот Штип нема да се соочат со рестрикции на водата за пиење, вели Глигорова.

По зарвшувањето на овој голем проект, во градскиот водоводен систем ќе бидат приклучени и жителите од населбите Чардаклија и Населје, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он