Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Италија Карло Ромео.

На средбата, соопшти Министерството за внатрешни работи, амбасадорот Ромео му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи. Воедно ја потенцирал важноста од добрата соработка на полициите од двете држави во областа на перењето пари, финансирање тероризам и трговијата со дрога, а особено за проблемот со мигрантите.

– Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Италија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој потенцира дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, а во овој процес ќе биде добредојдена и помошта од пријателските земји. Според него, соработката со пријателските земји е многу важна и во справувањето со предизвиците како тероризмот, трговијата со дрога и особено проблемот со мигрантите, што може во секој момент да добие на интензитет, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!