Средба на Николовски со гранскиот независен синдикат на полицијата

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, на нивно барање, имаше средба со претставници на Гранскиот независен синдикат на полицијата. На состанокот. како што соопшти МЗШВ, се говорело за доставениот Предлог Колективен договор за шумска полиција и администрација, за шумска полиција на Република Македонија.

– Синдикалците побараа почеток на сериозни преговори за брзо усвојување и потпишување ваков документ, кој, според нив, недостасува 19 години. Беше искажано незадоволство од актуелната состојба во шумската полиција, како кога се во прашање основните права и услови за работа, така и кога станува збор за нивната безбедност, се вели во соопштението.

Шумските полицајци истакнале дека личното и формациското оружје со кое ракуваат е застарено и 60 проценти нефункционално.

– Затоа имаме сериозна потреба од ваков подзаконски акт, со кој ќе се намалат штетите и за Буџетот, односно ќе го намалиме одлевањето на парични средства од МЗШВ, поради трошоците за загубени судски процеси, истакнале тие.

Министерот Николовски посочил дека генерално е запознаен со споменатите проблеми и ветил нивно решавање.

– Ја имате нашата максимална поддршка. И јас сакам час поскоро да се реши оваа работа, но јасно е дека тоа ќе оди тешко, барем во блиска иднина. Затоа, решавањето на проблемите ќе го правиме постепено, за што ќе се искоординираме и со министерството за труд и социјална политика. Наскоро ќе формираме и меѓуресорски работни групи, а ќе ве повикаме и на посебен состанок, на кој што ќе говориме за поконкретни теми, порачал министерот Николовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори