Во Штип модна ревија „Во светот на бајките“

Од:

Дваесет и три студенти од Технолошко-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на летната сцена на Националната установа универзитетска библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ ги прикажаа своите модни креации во рамките на проектот „Во светот на бајките“, кој е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Менторката, а воедно и асистент на штипскиот Технолошко-технички факултет, Сања Ристески, вели дека инспирацијата на студентите за креирање на своите модни креации ги најдоа во познатите светски бајки.

– Видовте една многу интересна бајка која што ја креираа студентите на Технолошко-техничкиот факултет. Работиме на проект „Во светот на бајките“, како инспирација ги користевме сите светски познати бајки, приказните на браќата Грим, дизниевите приказни, „Алиса во земјата на чудата“ и од сите тие бајки си создадовме една наша бајка, вели Ристески.

Студентот Стефан Макисмов забележува дека модната ревија е можност за публиката да види што тие научиле и да ја видат нивната креативност.

– Ова е од исклучително значење особено заради тоа што работеме на малку поспецифични модели, кои не се застапени досега и ниту пак досега се биле тренд, вели Макисмов.

Посочува дека неговата професија има иднина во градот на текстилот, но потребен е макисмален ангажман за да се има успех како моден креатор или инженер во текстилната индустрија. Студентите кои ги покажаа своите креации на модната ревија годинава без проблеми ја реализираа, бидејќи фианансиската поддршка од Министерството за култура им даде можност без проблеми да ги бираат материјалите со кои ги правеа своите креации.

Деканот на Технолошко-техничкиот факултет Винета Сребренковска рече дека студентите пред се се добро обучени инженери на кои што им е развиена и креативноста, а кои како кадар може да одговори на текстилниот сектор.

– Можам да кажам дека имаме се поголем интерес за ваков кадар од страна на текстилните компании. Така што програмите веќе ги реорганизираме да има поголем дел на практична настава застапена во нашиве програми, односно студентите да можат поголем дел да издвојуваат во текот на семестарот да посетуваат практична настава, вели Сребренковска.

Според анализите на Технолошко-техничкиот факултет, 80% од завршените студенти веднаш наоѓаат работа во домашните, но и странски компании.

Во рамките на модната ревија „Во светот на бајките“ осврт на литературата за деца даде и универзитетскиот професор Весна Мојсова Чепишевска.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска