ФОТО: „Спас за Валандово“ го блокираа сообраќајот на патот Удово-Валандово-Марвинци

Од:

Активисти на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денеска од 11 часот со земјоделска механизација ја блокираа крстосницата од регионалниот пат село Удово-Валандово-Марвинци во знак на протест што општинскиот Совет не го исполни нивното барање до вчера да донесе одлука за распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ работа на рудникот „Казандол“ и отворање рудници на територијата на општина Валандово.

Од граѓанската иницијатива најавија дека денеска блокадата ќе трае до 14 часот, како и дека ќе продолжи и наредните денови можеби во различно време и на други локации се до исполнување на нивното барање.

Барањето на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ со потребните потписи уредно е доставено и примено од локалната самоуправа од каде пак велат дека согласно законот по него може да постапуваат во рок од 60 дена и оти тој рок истекува на 9 август.

Би можело да ве интересира

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Земјотресот во Валандово и околината

Во сообраќајка тешко повреден е возач

Земјотрес во близина на Валандово

Горан Наумовски

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин