Оваа стилска куќа крај морето во Данска не е типичен крајбрежен дом.
Куќата е изградена во 1885 година и претставува совршен спој на оригинални рустикални елементи и чисти модерни детали, со совршена комбинација на стилови, текстура и секако, скандинавска осветленост која го краси нивниот минималистички дизајн.
Дневната соба е споена со кујнскиот простор и трпезаријата, што претставува многу популарно решение во денешно време и дозволува искористување на максимален простор.
Подот во бањата е поплочен со керамика со графички детали, а има и туш кабина со исклучително убави црни ѕидови, заедно со фантастично дрвено лавабо кое е прекрасно во неверојатниот контраст со модерната чешма.
Главната спална соба доаѓа како бел простор за поткровјето, со своите бели дрвени греди и многу светли ѕидни тапети. Во овој простор се наоѓаат и зелени завеси, разнобојни постелини и текстурни топли теписи кои му додаваат интересен изглед.
Уште еден бисер на овој дом е неговата тераса, која се состои од трпезариски простор со стол од палети и неколку многу удобни фотелји.