Новиот СУВ на „Хјундаи“, „Кона“ ќе има и своја електрична верзија, која на пазарот ќе се појави во есента 2018 година.
Електричниот модел на „Кона“ ќе има батерија посилна од 50 киловат часови, што ќе му овозможи со едно полнење да помине 350 километри во реални услови.
Цената на моделот Кона ќе изнесува околу 35.000 евра.
Освен „Опел Ампера-Е“, на пазарот нема многу евтини електрични автомобили со голем домет. Во таа смисла брзо напредуваат „Хјундаи-КИА“ и „Рено-Нисан“, а наскоро би можела да им се придружи и компанијата „Тесла“ благодарение на „Моделот 3“ и неговата цена од 35.000 долари (околу 31.200 евра).