Од Центарот за јавно здравје Куманово денеска информираат дека во четврток 15 јуни, во доцните ноќни часови екипи од Центарот ќе извршат терестичка дезинсекција на територијата на општина Липково.
– Апелираме до пчеларите од подрачјето на Липково да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства, изјави епидемиологот од Центарот за јавно здравје, доктор Јадранка Стаменковска.
Со дезинсекцијата ќе спречи појава на вектор-преносливи болести кои ги пренесуваат комарците. Дезинсекцијата може да се одложи наредниот ден, поради неповолни временски услови. Станува збор за прва фаза на терестичка дезинсекција во оваа општина, а наредната недела терестичка дезинсекција ќе се изврши во општината Старо Нагоричане.