Демонстранти ја запалија зградата на Врховниот суд во Каракас

Од:

Демонстранти фрлаа „Молотови коктели“ кон влезот на зградата на Врховниот суд во главниот град на Венецуела.

Фотографии и видео снимки од немирите за време на протестите во Каракас се објавени на социјалната мрежа Твитер. На нив може да се забележи дека првиот кат на судот е во пламен.

Според некои западни медиуми, напад бил извршен и врз филијала на една од банките, која се наоѓа на првиот кат од зградата.

Безбедносните сили успеале да ги растераат демонстрантите со солзавец, а пожарникарските екипи го изгаснале огнот.

Врховниот суд стана еден од главните инструменти на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во борбата против опозицијата, која има мнозинство во Парламентот по изборите во декември 2015 година. Судот често пати ги поништувал одлуките на Парламентот, вклучувајќи и за смена на шефот на државата.

Досега во антивладините протести во Венецуела, кои почнаа во април, според различни оценки, загинале од 67 до 80 лица, повредени се над 1.300, а повеќе од 3.000 се уапсени.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски