Креаторот на моделот „Карма“, Хенрик Фискер, ја објави првата фотографија на новата луксузна спортска електрична лимузија – моделотр „Eмоушн“ (Emotion).
Додека неговата поранешна компанија за производство на хибридни електрични автомобили по банкротот ја презеде нов сопственик, кој продолжи да го произведува унапредениот модел „Карма Роверо“, Хенрик Фискер целосно се сврте кон нов проект – електричниот модел „Емоушн“, што на пазарот ќе му се спротивстави на моделот „Тесла С“.
Новиот автомобил, што во себе ги има елементите на дизајнот на „Карма“, според неговиот креатор, ќе има автономија во возењето од околу 400 милји (околу 640 километри). Освен тоа, „Емоушн“ со помош на специјалниот брз полнач ќе биде во состојба за само девет минути да ја дополни батеријата до толку да може да помине дополнители 100 милји (околу 160 километри).
„Фискер“ најави дека книгата за нарачки за новиот модел ќе биде отворена на 30 јуни, а официјалната премиера на автомобилот ќе биде одржана на 17 август.
Првиот сопственик, сепак, ќе мора да биде трпелив, затоа што почетокот на производството е планиран дури за 2019 година. Цената за сега не е соопштена.