Јемен: Од епидемијата на колера досега починаа 923 лица

Од:

Бројот на починати од епидемијата на колера во Јемен достигна 923 лица, јави Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од ДПА.

Болеста веќе зафати 20 од 22-те провинции во Јемен, држава што е поделена и девастирана од граѓанската војна. СЗО предвидува дека е можно 124.000 лица да се заразени од колера.

Во мај СЗО прогнозираше дека за шест месеци епидемијата на колера може да зафати и до 300.000 лица. Минатиот месец заради епидемијата во главниот град Сана беше прогласена вонредна состојба.

Епидемијата доаѓа во момент кога половина од здравствените установи во земјата не работат заради војната меѓу владата, поддржана од Саудиска Арабија, и шиитските бунтовници Хуси, кои се подржани од Иран.

Според проценката на ОН, околу 7,6 милиони лица живеат во регионите од Јемен што се зафатени со колера.

Во последните 24 часа епидемијата одзеде уште 64 жртви.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида