Во штипската населба „Суитлак“ се гради канализациска мрежа

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ до денеска изгради околу 650 метри канализациска мрежа во викенд населбата „Суитлак“.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференција рече дека во оваа населба предвидено е да се изградат 1.850 метри канализациска мрежа.

– Продолжуваме и понатаму да ја изведеме главната канализациона линија и приклучоците на сите овие 50 куќи кои се наоѓаат во населбата „Суитлак“. Сакам да напоменам на сите граѓани во оваа населба дека сите ќе бидат вклучени во мрежата. Треба да бидат само трпеливи и да дојдат во нашето јавно претпријатие, вели Бојаџиев.

Проектот е финансиран од Општина Штип и ЈП „Исар“, а домаќинствата треба да платат 30.000 денари за приклучок на канализациската мрежа.

Бојаџиев истакна дека по изградбата на канализациската мрежа и жителите на населбата Суитлак ќе добијат асфалтирана главна улица, а потоа ќе се асфалтираат и останатите помали улички во населбата. Екипите на штипското комунално претпријатие „Исар“ деновиве ќе почнат со доизградба на канализациската мрежа и во приградската населба „Стар Карорман“.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он