Министерот Адеми се сретна со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија

Од:

Министерот во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, оствари работна средба со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), г-ѓа Бона Петроска.

На средбата министерот Адеми, ја запозна со активностите и плановите за работа во период што следува и ја нагласи важноста на соработката со дијаспората како нераскинлив дел од Република Македонија.

Претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), г-ѓа Бона Петроска го изрази нејзиното големо задоволство што новата реформска Влада на Република Македонија дава важност на дијаспората со именување на Министер во Владата задолжен за односите со дијаспората.

На средбата беа разменети идеи и размислувања за идните чекори на соработка помеѓу кабинетот на Министерот задолжен за дијаспората и Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on